Пријави се

Beach Run 2016

Beach Run е серија на трки која ќе се одржи на 5 локации покрај вода во Македонија (Скопје, Преспа, Дојран, Маврово и Охрид) во текот на јули 2016 година, во вид на летна лига во трчање на 5км.

Датуми и локации
Недела, 3 јули 2016 Скопје
Недела, 10 јули 2016 Преспа
Недела, 17 јули 2016 Дојран
Недела, 24 јули 2016 Маврово
Недела, 31 јули 2016 Охрид

Правила за учество
Во трките може да учествува секој што сака да се натпреварува во трчање на 5км, на една, неколку или на сите предвидени трки од серијата.

На секоја од трките ќе бидат наградени најбрзите тројца во машка и женска конкуренција, а сите натпреварувачи кои успешно ја истрчале трката ќе освојат поени според постигнатото место, кои понатаму ќе служат за формирање рејтинг табела и одредување на победникот на серијата. Најдобрите тројца во машка и женска конкуренција во вкупниот пласман на серијата освојуваат награди.

Бодување
На секоја од петте трки, сите натпреварувачи кои успешно ја завршиле трката освојуваат поени според следново:
1 место 25 поени
2 место 20 поени
3 место 17 поени
4 место 14 поени
5 место 12 поени
6 место 11 поени
7 место 10 поени
8 место 9 поени
9 место 8 поени
10 место 7 поени
11-20 место 5 поени
21-30 место 4 поени
31-40 место 3 поени
41-50 место 2 поени
од 51 до последно место, 1 поен.

Оние кои ќе започнат, но нема да завршат трка, не освојуваат поени.

Награден фонд
За победниците на трките и целата серија е обезбеден паричен награден фонд од 1.000 евра и врвна спортска опрема за трчање. Дополнително, до почетокот на трките организаторот ќе се труди да обезбеди производи и подароци од спонзорите за зголемување на вкупниот фонд награди.

Пријавување
Пакет цена за учество на сите пет трки изнесува 999 денари. Секој регистриран натпреварувач добива:
- дрес за трчање изработен од dri-fit материјал (100% полиестер)
- стартен број (важи за сите трки од серијата)
- освежување за време на трките

Цената за учество на една трка изнесува 499 денари. Секој регистриран натпреварувач добива:
- дрес за трчање изработен од dri-fit материјал (100% полиестер)
- стартен број
- освежување за време на трката

Цената за учество на една трка без дрес изнесува 199 денари. Секој регистриран натпреварувач добива:
- стартен број
- освежување за време на трката

Програма на настаните
- Регистрација и евиденција на учесниците, најмалку половина час пред трката
- Трка на 5км
- Прогласување победници и забава
- Музичка програма и модератор за целото времетраење на настанот
- Целиот настан трае од 90 до 120 минути
- Последниот настан во Охрид има дополнителна програма за прогласување на победниците на целата серија со забава

Друго
- Патните трошоци се на товар на учесниците. Доколку постои интерес за заеднички превоз, организаторот ќе обезбеди автобуски превоз од Скопје до локациите во Македонија по најниска можна цена.
- Замена на оштетен или изгубен стартен број чини 100 денари
- Термините на секоја од трките ќе бидат дополнително одредени во согласност со оддалеченоста на локацијата, а предвид ќе биде земен и возниот ред на јавниот превоз
- Организаторот го задржува правото да изврши измена во локациите на одржување на трките заради новонастанати објективни фактори, а можни заменски локации се Струга и Велес

ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО НА Beach Run 2016

За успешна регистрација потребно е да се пополнат сите полиња од пријавата.

или



Внеси стартен број од ПРВ ДО ВРВ 2016 за попуст од 20% (користењето на неточен број ќе се смета за некомплетна регистрација)


Цена: денари