Пријави се

Beach Run 2017

Beach Run е серија на трки која ќе се одржи на 5 локации покрај вода во Македонија (Скопје, Преспа, Дојран, Маврово и Охрид) во текот на јули 2017 година, во вид на летна лига во трчање на 5км.

Датуми и локации
Недела, 2 јули 2017 Скопје
Недела, 9 јули 2017 Преспа
Недела, 16 јули 2017 Дојран
Недела, 23 јули 2017 Маврово
Недела, 30 јули 2017 Охрид

Правила за учество
Во трките може да учествува секој што сака да се натпреварува во трчање на 5км, на една, неколку или на сите предвидени трки од серијата.

На секоја од трките ќе бидат наградени најбрзите тројца во машка и женска конкуренција, а сите натпреварувачи кои успешно ја истрчале трката ќе освојат поени според постигнатото место, кои понатаму ќе служат за формирање рејтинг табела и одредување на победникот на серијата. Најдобрите тројца во машка и женска конкуренција во вкупниот пласман на серијата освојуваат награди.

Бодување
На секоја од петте трки, сите натпреварувачи кои успешно ја завршиле трката освојуваат поени според следново:
1 место 25 поени
2 место 20 поени
3 место 17 поени
4 место 14 поени
5 место 12 поени
6 место 11 поени
7 место 10 поени
8 место 9 поени
9 место 8 поени
10 место 7 поени
11-20 место 5 поени
21-30 место 4 поени
31-40 место 3 поени
41-50 место 2 поени
од 51 до последно место, 1 поен.

Оние кои ќе започнат, но нема да завршат трка, не освојуваат поени.

Награден фонд
На секоја од трките, најдобрите тројца во машка и женска конкуренција, освојуваат медали и парична награда од 3.000, 2.000 и 1.000 денари, за прво, второ и трето место (вкупен паричен награден фонд од 1.000 евра).

Најдобрите тројца во машка и женска конкуренција на целата серија трки, освојуваат пехари и спортска опрема.

Најдобриот тим во машка и најдобриот тим во женска конкуренција на целата серија трки, освојуваат пехари.

Секој учесник кој ќе ги истрча сите пет трки од серијата, освојува финишер медал.

Пријавување
Пакет цена за учество на сите пет трки изнесува 1.199 денари. Секој регистриран натпреварувач добива:
- дрес за трчање Beach Run 2017 изработен од dri-fit материјал
- стартен број (важи за сите трки од серијата)
- освежување за време на трките
- ужина по трката

Цената за учество на една трка изнесува 599 денари. Секој регистриран натпреварувач добива:
- дрес за трчање Beach Run 2017 изработен од dri-fit материјал
- стартен број
- освежување за време на трката
- ужина по трката

Цената за учество на една трка без дрес изнесува 299 денари. Секој регистриран натпреварувач добива:
- стартен број
- освежување за време на трката
- ужина по трката

Програма на настаните
- Регистрација и евиденција на учесниците, најмалку еден час пред трката
- Трка на 5км
- Прогласување победници и забава
- Музичка програма и модератор за целото времетраење на настанот
- Целиот настан трае од 90 до 120 минути
- Последниот настан во Охрид има дополнителна програма за прогласување на победниците на целата серија со забава

Друго
- Патните трошоци се на товар на учесниците. Доколку постои интерес за заеднички превоз, организаторот ќе обезбеди автобуски превоз од Скопје до локациите во Македонија по најниска можна цена.
- Замена на оштетен или изгубен стартен број чини 300 денари
- Термините на секоја од трките ќе бидат дополнително одредени во согласност со оддалеченоста на локацијата, а предвид ќе биде земен и возниот ред на јавниот превоз
- Организаторот го задржува правото да изврши измена во локациите на одржување на трките заради новонастанати објективни фактори