Пријави се

Bistra Adventure 2018

Планински адреналински тури за планинари и велосипедисти на прекрасната Бистра со старт и цел во Тресонче, преку Селце, Галичник, Царевец и Лазарополе.

Детали за Bistra Adventure 2018
Локација: Тресонче
Датум: Сабота и Недела, 1-2 септември 2018
Старт на сите тури: недела во 9 часот
Содржини:
- планинарски тури
1. Тура од 10 км до врвот Мал Брзовец
2. Тура од 15 км до изворите на Тресонечка река

- велосипедски тури
1. Голема тура од 60 км: Тресонче - Селце - Галичник - Тони Вода - Лазарополе - Тресонче
2. Мала тура од 25 км: Тресонче - Галичник - Тресонче

- кампување

Пријавување
Пријавувањето може да се изврши според следниве цени:
- 199 ден. за првите 50 пријавени, најкасно до 17.8.2018
- 299 ден. за следните 50 пријавени, најкасно до 24.8.2018
- 399 ден. за пријавување до 31.8.2018
- 500 ден. за пријавување на 1-2.9.2018

Секој учесник добива:
- организирани планински тури за возење велосипед и планинарење по маркирани патеки во придружба на водичи на турата
- логистичка поддршка за време на турите (прва медицинска помош, основен сервис за велосипед)
- станици за вода и освежување (комбинација од природни извори и пунктови со доставена вода)
- забава со скара во сабота навечер
- ручек во недела по завршувањето на турите на целта во Тресонче
- гратис пиво
- локација за кампување
- користење на сите содржини на кампот во Тресонче (храна, пијалоци, детско катче, планински тури, забава, ...)

Правила за учество
- Во турата може да учествува секое полнолетно лице (или малолетно во придружба на родител или старател) кое се чувствува физички подготвено за повеќечасовно возење велосипед или планинарење на планина.
- Секој учесник задолжително треба да има технички исправен велосипед за возење по планина и off-road, кацига, резервна внатрешна гума, облека според најавените временски услови, шише за вода, неопходна храна за ден поминат во природа
- Учесниците кои ќе се движат пред или побргу од водичот на турата или самоиницијативно ќе истапат од групата и предвидената патека за возење, тоа го прават на сопствен ризик и одговорност
- Патните трошоци до стартот на турата се на товар на учесниците
- Секој учесник во турата вози на сопствена одговорност и според своите можности, и е лично одговорен за евентуалните несакани последици
- Организаторот го задржува правото за измени на турата предизвикани од објективни новонастанати фактори, како и предвремено затворање на пријавувањето доколку бројноста на групата го достигне планираниот максимум

Како да пристигнам во Тресонче https://goo.gl/maps/uB2JZLPWHTJ2