Пријави се

Bistra Tour 2016

Велосипедска тура од 56 км по прекрасната Бистра со старт и цел во Тресонче, преку Селце, Галичник, Царевец и Лазарополе.

Детали за турата
Локација за старт и цел на турата: Тресонче
Датум: Недела, 4 септември 2016
Време на пристигнување: 8-9 ч.
Време на старт на турата: 9:30 ч.
Должина на турата: 56 км

Цената за учество изнесува 299 денари за пријавување и уплата до 3 септември, а на денот на турата пријавувањето е можно само на стартот во Тресонче по цена од 499 денари.

Секој учесник добива:
- организирано планинско возење велосипед по маркирана патека во придружба на водичи на турата (на челото и на крајот на групата)
- логистичка поддршка за време на турата (прва медицинска помош, основен сервис, евакуација во случај на неможност да се доврши турата заради замор или повреда)
- станици за вода и освежување (комбинација од природни извори и пунктови со доставена вода)
- оброк по завршувањето на турата на целта во Тресонче
- сувенир маица Bistra Tour 2016

Регистрација на пријавените учесници во турата ќе се изврши на местото на стартот во периодот меѓу 8:30 и 9:30 часот. Секој пријавен учесник пред турата ќе добие нумериран идентификациски приврзок со кој ќе ги оствари своите бенефиции во текот на турата (се закачува на велосипедот). Оброкот и маицата се даваат при пристигнувањето на целта.

Правила за учество
- Во турата може да учествува секое полнолетно лице (или малолетно во придружба на родител или старател) кое се чувствува физички подготвено за повеќечасовно возење велосипед на планина.
- Секој учесник задолжително треба да има технички исправен велосипед за возење по планина и off-road, кацига, резервна внатрешна гума, облека според најавените временски услови, шише за вода, неопходна храна за ден поминат во природа
- Учесниците кои ќе возат пред или побргу од водичот на турата или самоиницијативно ќе истапат од групата и предвидената патека за возење, тоа го прават на сопствен ризик
- Патните трошоци до Тресонче се на товар на учесниците
- Секој учесник во турата вози на сопствена одговорност и според своите можности, и е лично одговорен за евентуалните несакани последици
- Организаторот го задржува правото за измени на турата предизвикани од објективни новонастанати фактори, како и предвремено затворање на пријавувањето доколку бројноста на групата го достигне планираниот максимум

Кампување
Сите оние кои сакаат и имаат можност да кампуваат, и покрај тоа што во ова прво издание не најавивме во програмата опција за кампинг, добредојдени се во Тресонче уште од петок да престојуваат во селото. Имајте предвид дека ќе треба самите да си понесете храна бидејќи во селото нема продавница, а во локалната кантина ќе можете да набавите кафе, чај и пијалоци

Како да пристигнам во Тресонче https://goo.gl/maps/uB2JZLPWHTJ2

ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО НА Bistra Tour 2016

За успешна регистрација потребно е да се пополнат сите полиња од пријавата.

Цена: денари