Business Run 2017

Team Building Relay 4 x 2KM | Тим-билдинг штафета 4 х 2КМ

Инфо за трката
Опис: Штафетна трка во трчање 4 х 2000 метри за компаниски тимови
Датум: 1 октомври 2017
Локација: Скопје, Кеј на Вардар кај Park Hotel
Време на стартот: 10 часот
Тип на трка: штафетно трчање со 4 измени
Прогласување победници: 11:30 часот

На денот на трката ве очекуваме да пристигнете еден час пред закажаниот старт во 10 часот заради следново:
- верификација на пристигнатиот натпреварувачки тим
- предавање на чување на лични предмети (доколку имате потреба)
- подигнување на штафетната палка
- подготовка и загревање за трката

Стартот на трката ќе биде во 10 часот. Прв стартува натпреварувачот во вашиот тим кој е пријавен како стартер и го има стартниот број со ознака “А”, па понатаму следуваат измените по редослед “B”, па “C” и на крајот, финишерот со ознака “D”. Измените се реализираат со предавање на штафетната палка на следниот натпреварувач од тимот во определениот простор (ќе бидат дадени инструкции на лице место).

Секој натпреварувач трча круг во должина од 2 километри, на означена патека.

Резултатот на тимот е вкупно потребното време за трчање на сите 4 измени/учесници и се мери од стартот на натпреварувачот А до финишот на натпреварувачот D.

Најбрзите три тимови освојуваат награди, а секој учесник чиј тим успешно ја завршил трката добива медал за учество на трката. Награди добиваат и поединците што истрчале најбрз круг, по една во машка и женска конкуренција.

Тимови и учесници
Тимовите треба да бидат составени од вработени во компании, организации, институции, здруженија, дипломатски претставништва и сл. субјекти кои припаѓаат на деловно-општествената заедница.

Секој тим е во мешан состав и се состои од 4 членови, од кои барем еден мора да биде машко или женско лице.

Името на компанијата е име на пријавениот тим. Една компанија може да пријави неограничен број на тимови со додавање на реден број или збор после името.

Дозволено е да се пријави и тим на т.н. конзорциум, со учесници од два или повеќе правни субјекти. Името на тимот треба да ги содржи имињата на сите субјекти кои го сочинуваат.

По доставен приговор, организаторот има право да побара доказ дека одредено лице е вработено во компанијата за чиј тим е пријавено да се натпреварува. Тимот за кој ќе се утврди дека е составен од лица кои не се вработени во компанијата која ја претставува, ќе биде дисквалификуван, а остварените резултати нема да се земат предвид при рангирањето.

Секој тим го охрабруваме да трча во сопствена брендирана облека со која ќе го претстави идентитетот на својата компанија.

При пријавувањето, за секој тим се испраќа и лого на компанијата, кое ќе биде поставено во листите со пријавени тимови и резултатите од трката.

Пријавување
Цената за учество изнесува 3.000 денари за еден тим составен од 4 учесници доколку се уплати до 25 септември, а потоа цената ќе изнесува 4.000 денари до 29 септември. Пријавување на денот на трката не е можно.

Секој тим и учесници добиваат стартни броеви, штафетна палка, сувенир маички од настанот, вода и освежување за време на трката, медал за успешно истрчана трка, нетворкинг забава пред трката, истакнување на компаниското лого во резултатите и листите со пријавени тимови, чување на лични работи за време на трката, прва медицинска помош.

Плаќањето на котизацијата за учество може да се изврши со онлајн плаќање со картичка, со налог во банка или со плаќање по про-фактура.

Програма
11 - 29 септември Пријавување за Business Run 2016
29 септември Business Run Networking Party од 17 часот
1 октомври Business Run, Winners Ceremony

Business Run Networking Party
Афтерворк забава за заедничко дружење, запознавање и подигнување на стартните пакети во TWINS Kitchen & Wine кај Park Hotel.

Правила за учество
Во трката можат да учествуваат тимови составени од 4 лица од фирми кои вршат дејност во Република Македонија. 

Сите тимови и учесници треба да бидат регистрирани и да ги носат стартните броеви и штафетните палки кои ќе ги добијат од организаторот. 

Сите тимови треба да бидат во мешан состав (мажи и жени), каква што е работната средина во реалноста.

Дозволено е здружување на повеќе фирми во т.н. конзорциум за пријавување на заеднички тим во трката.

Придобивки од TEAM BUILDING (TEAM – Together Everyone Achieve More)
Целта на оваа трка е заедничко спортско, рекреативно и деловно дружење помеѓу компаниите, но и помеѓу вработените и нивните семејства. Целта на оваа штафетна трка е да се покаже важноста на тимскиот дух, но и да се биде пример за своите колеги и деловни партнери.