Пријави се

Дедомразовска трка Скопје 2018

Инфо за трката
Опис: Новогодишна трка во дедомразовски костуми
Датум: 23 декември 2018
Локација: Плоштад Македонија, Скопје
Време на стартот: 12 часот
Должина: ±2 км
Прогласување победници: веднаш по завршувањето на трката

Пријавување
Цената за учество изнесува 300 денари со вклучен дедомразовски костум или 150 денари доколку имате свој или костум од претходните трки.

Опцијата за пријавување со вклучен костум важи за првите 300 регистрирани учесници.

Трчањето во дедомразовски костум е задолжително за сите учесници во трката.

Сите учесници се потенцијални добитници во лотаријата со подароци, а секое дете до 10 години добива новогодишно пакетче доколку се пријави до 20 декември 2018 год.

Програма
10 - 11 ч. Издавање на стартни броеви и костуми
10 - 14 ч. Забавна програма за учесниците и публиката
11 ч. Загревање за трката
12 ч. Старт на трката
12.30 ч. Прогласување на победниците
13 ч. Лотарија

Награден Фонд
Најдобрите тројца во машка и женска категорија освојуваат медали и подароци.

Правила за учество
Во трката може да учествува секој без ограничување според возраст, а секое дете мора да биде придружувано од родител или старател.

Секој учесник мора да биде облечен во дедомразовски костум.

Секој учествува на сопствена одговорност според личната физичка подготвеност за натпревар во трчање.

Организаторот го задржува правото да направи одредени измени во програмата и термините на настанот предизвикани од објективни фактори.

ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО НА Дедомразовска трка 2018

За успешна регистрација потребно е да се пополнат сите полиња од пријавата.

или

Цена: денари