Пријави се

ААМ СКОПЈЕ 2017

За сите кои го сакаат трчањето, ви го претставуваме Аматерскиот атлетски митинг Скопје 2017, првиот атлетски настан на кој ќе се почувствувате како професионалци.

Време: 29 апри 2017, 14-18 часот
Локација: Арена Филип 2 (Градски стадион Скопје)

Дисциплини:
100 м
400 м
4 x 400 м
1 миља (1609,344 м)
5000 м
10000 м
Скок во далечина

Пријавување:
300 денари
500 денари со вклучена официјална маичка од настанот

Пропозиции:
На митингот може да учествуваат учесници кои рекреативно се бават со атлетика.
Секој учесник може да учествува во една дисциплина плус во штафетната трка или во скок во далечина.
Тимот за штафетната трка се пријавува на лице место.
За одржување на натпревар во секоја дисциплина потребно е да се пријават минимален потребен број на учесници за одржување на трка.