Пријави се

Osogovo Adventure 2018

Osogovo Adventure е велосипедско-планинарски фестивал составен од тури за планинари и планински велосипедисти со старт и база на Пониква, на Осоговските Планини. За учесниците во секоја од категориите се предвидени лесна и потешка тура, согласно физичката подготвеност на поединците. Покрај турите, учесниците имаат можност да кампуваат и да бидат дел од програмата на настанот.

Програма:
Петок, 1 јуни
17:00 Пречекување на првите учесници, сместување и подигнување на кампот. Музичка програма за добредојде.

Сабота, 2 јуни
Тренинг велосипедска тура во околината на Пониква.
Тренинг планинарска тура во околината на Пониква.
Активности во кампот.
Музичка и културна програма.

Недела, 3 јуни
7:00 Регистрација за турите
7:00 Старт на големата планинарска тура
9:00 Старт на велосипедските тури и малата планинарска тура
16:00 Ручек

Велосипедски тури:
1. Голема тура од 50 км, со искажување од 2000 м (Пониква - Лисо брдо - Полаки - Крушка - Царев Врв - Пониква) за добро подготвени велосипедисти, 100% планинска и оф-роуд
2. Мала тура од 40 км, со искачување од 1200 м (Пониква - Лисо брдо - Полаки - Крушка - Пониква), 100% планинска и оф-роуд

Планинарски тури
1. Голема 36 км, Пониква 1560 м.в - Царев Врв 2084 - Пониква 1560мнв
2. Мала 20 км, Пониква 1560мнв - Полаки 760мнв - Пониква 1560мнв

Пријавување
Пријавувањето може да се изврши според следниве цени:

- промотивно пријавување за првите 50 учесници - ПЛАТИ ЗА ЕДЕН, ПРИЈАВИ ДВАЈЦА - по цена од 300 ден. за пар
- 300 денари за еден учесник до 6 мај 2018
- 400 денари за еден учесник до 1 јуни 2018
- 500 денари на 2 и 3 јуни 2018

Секој учесник добива:
- организирано планинско возење велосипед и планинарење по маркирана патека во придружба на водичи на турата
- логистичка поддршка за време на турата (прва медицинска помош, основен сервис)
- станици за вода и освежување (комбинација од природни извори и пунктови со доставена вода)
- ручек по завршувањето на турите во недела
- сувенир маица Osogovo Adventure 2018
- локација за кампување

Сместување
- кампување со сопствена опрема
- Мотел – Ресторан Осоговски Конак”, специјална цена за ноќевање во повеќекреветни соби од 400 ден. за учесниците на турите

Правила за учество
- Во турата може да учествува секое полнолетно лице (или малолетно во придружба на родител или старател) кое се чувствува физички подготвено за повеќечасовно возење велосипед или планинарење на планина.
- Секој учесник задолжително треба да има технички исправен велосипед за возење по планина и off-road, кацига, резервна внатрешна гума, облека според најавените временски услови, шише за вода, неопходна храна за ден поминат во природа
- Учесниците кои ќе се движат пред или побргу од водичот на турата или самоиницијативно ќе истапат од групата и предвидената патека за возење, тоа го прават на сопствен ризик и одговорност
- Патните трошоци до стартот на турата се на товар на учесниците
- Секој учесник во турата вози на сопствена одговорност и според своите можности, и е лично одговорен за евентуалните несакани последици
- Организаторот го задржува правото за измени на турата предизвикани од објективни новонастанати фактори, како и предвремено затворање на пријавувањето доколку бројноста на групата го достигне планираниот максимум