Пријави се

Тура на Пониква, Осоговски Планини

Планинска велосипедска тура на Пониква.

Детали за турата
Датум: Недела, 4 јуни 2017
Време на пристигнување: 8-9 ч.
Време на старт на турата: 9:30 ч.
Должина на турата:
1. Долга тура од 60 км, со искажување од 2000 м (Пониква - Царев Врв - Крушка - Полаки - Лисо брдо - Пониква) за добро подготвени велосипедисти, 100% планинска и оф-роуд
2. Кратка тура од 35 км, со искачување од 800 м (Пониква - Царев Врв - Пониква), 100% планинска и оф-роуд

Цени за учество:
- промо цена од 299 денари за пријавување и уплата до 5 мај 2017 (или до пополнување на предвидените 50 места со промо цена)
- 499 денари од 6 мај до 3 јуни 2017
- 599 денари на денот на турата на 4 јуни 2017

Секој учесник добива:
- организирано планинско возење велосипед по маркирана патека во придружба на водичи на турата (на челото и на крајот на групата)
- логистичка поддршка за време на турата (прва медицинска помош, основен сервис, евакуација во случај на неможност да се доврши турата заради замор или повреда)
- станици за вода и освежување (комбинација од природни извори и пунктови со доставена вода)
- ручек и забава по завршувањето на турата на целта
- сувенир маица Пониква 2017

Регистрација на пријавените учесници во турата ќе се изврши на местото на стартот во периодот меѓу 8 и 9 часот. Секој пријавен учесник пред турата ќе добие нумериран идентификациски приврзок со кој ќе ги оствари своите бенефиции во текот на турата (се закачува на велосипедот). Оброкот и маицата се даваат по пристигнувањето на целта.

Правила за учество
- Во турата може да учествува секое полнолетно лице (или малолетно во придружба на родител или старател) кое се чувствува физички подготвено за повеќечасовно возење велосипед на планина.
- Секој учесник задолжително треба да има технички исправен велосипед за возење по планина и off-road, кацига, резервна внатрешна гума, облека според најавените временски услови, шише за вода, неопходна храна за ден поминат во природа
- Учесниците кои ќе возат пред или побргу од водичот на турата или самоиницијативно ќе истапат од групата и предвидената патека за возење, тоа го прават на сопствен ризик
- Патните трошоци до стартот на турата се на товар на учесниците
- Секој учесник во турата вози на сопствена одговорност и според своите можности, и е лично одговорен за евентуалните несакани последици
- Организаторот го задржува правото за измени на турата предизвикани од објективни новонастанати фактори, како и предвремено затворање на пријавувањето доколку бројноста на групата го достигне планираниот максимум

Кампување
Сите оние кои сакаат да кампуваат, ќе имаат можност за кампување за што деталите ќе бидат објавени дополнително.