Пријави се

Сава адреналинска авантура 2017

Сава адреналинската авантура, е спортски настан кој треба да се најде на вашиот календар. Со велосипедска патека од 55км и одличен пејсаж, трка за најмалите со природни препреки и патека за пешачење/трчање со најбрзо време.  

Годинава почнуваме на 01 септември. Првите два дена, 01 и 02 септември се наменети за дружба и забава. Имаме камп, понеси ја совојата вреќа за спиење, а ние ќе обезбедиме добро јадење, дегустација на пијалоци од нашите партнери и многу добра забава.

Во недела, на 03 септември спреми го својот велосипед, патики, ранец и многу енергија и те чекаме на Сава адреналинска авантура. Понеси ги сите со тебе, од најмал до најголем за сите ќе има адреналинско искуство.

На крај, фан питот на Сава, ќе ве пречека со голема забава и награди.

Цената за учество изнесува 150 денари.

Секој учесник добива:
- организирано планински тури за возење велосипед, планинарење или трчање по маркирани патеки во придружба на водичи на турата
- логистичка поддршка за време на турите (прва медицинска помош, основен сервис за велосипед)
- станици за вода и освежување (комбинација од природни извори и пунктови со доставена вода)
- ручек по завршувањето на турите на целта во Тресонче
- сувенир маица Sava Adrenaline Adventure 2017
- можност за кампување и користење на сите содржини на кампусот во Тресонче (храна, пијалоци, детско катче, планински тури, забава, концерти, ...)

Официјален линк за настанот http://prvdovrv.mk/SavaAdrenaline

Повеќе детали следуваат наскоро...