Пријави се

Sharra Challenge 2018

На 15 јули 2018 ќе се одржи првото издание на предизвикот на Шар Планина, за најбрзо искачување од Тетово до Попова Шапка, во категориите планинско трчање, планински велосипедизам и друмски велосипедизам.

РЕЗУЛТАТИ
Sharra Challenge 2018

ПРОГРАМА

1. ТРКА ВО ПЛАНИНСКО ТРЧАЊЕ
- старт: 9 ч. од плоштадот во Тетово
- патека: 10 км, Тетово - Гајре - Лисец - П. Шапка, по планински патеки
- искачување: 1200 м

2. ТРКА ВО ДРУМСКИ ВЕЛОСИПЕДИЗАМ
- старт: 9 ч. од плоштадот во Тетово
- патека: 20 км, по асфалтниот пат до Попова Шапка
- искачување: 1200 м

3. ТРКА ВО ПЛАНИНСКИ ВЕЛОСИПЕДИЗАМ
- старт: 9 ч. од плоштадот во Тетово
- патека: 20 км, Тетово - Бањиче - Шипковица - Лисец - П. Шапка, 75% планински пат
- искачување: 1200 м

4. ИЗЛЕТ И ЕКО ФЕСТИВАЛ
- Старт на музичка програма во 11 ч.
- Церемонија на прогласување победници во 13 ч.

НАГРАДЕН ФОНД
Во секоја од трките во трчање, планински и друмски велосипедизам, во машка и женска конкуренција, наградите се:
1 место златен медал и 15.000 ден.
2 место сребрен медал и 10.000 ден.
3 место бронзен медал и 6.000 ден.

Секој учесник кој ќе ја заврши трката, освојува финишер медал.

Паричните награди ги обезбедува Општина Тетово и согласно процедурата ќе бидат исплатени во рок до 60 денови по настанот.

ПРИЈАВУВАЊЕ

Пријавувањето е преку електронска апликација и плаќање на веб страната на www.prvdovrv.mk.

Цената за учество изнесува:
- 300 денари за пријавување до 1 јули 2018
- 400 денари за пријавување од 2 јули до 8 јули 2018
- 500 денари за пријавување од 9 јули до 15 јули 2018

Секој учесник добива:
- стартен број
- официјална маичка Sharra Challenge 2018
- финишер медал
- освежување за време на трката
- сендвич по трката
- излетничка забава на целта по трката
- победниците добиваат медали
- бесплатно враќање со автобус до стартот во Тетово

Котизациите за учество покрај со онлајн плаќање, можат да се платат и со уплатница во банка/пошта или во готово на денот на подигнување на стартниот пакет. Цената за учество зависи од денот на уплата без оглед на датумот на пополнување на апликацијата.

Правила за учество
- Во трките може да учествува секое полнолетно лице (или малолетно во придружба на родител или старател) кое се чувствува физички подготвено за спортска активност според описот на трките

- Секој учесник задолжително треба да има технички исправен велосипед, кацига и резервна внатрешна гума

- На учесниците во велосипедските трки не им е дозволено да се натпреваруваат со велосипед кој содржи електричен мотор и ќе бидат дисквалификувани

- Патните трошоци до Тетово се на товар на учесниците

- Секој учесник во трките учествува на сопствена одговорност и според своите можности, и е лично одговорен за евентуалните несакани последици

- Организаторот го задржува правото врз база на објективни фактори да врши измени во термините и условите за одржување на трките и настанот.