Business Run 2020/21

Штафетна трка во трчање 4 х 2000 метри за компаниски тимови.

Пријави го твојот тим

Business Run 2022

Team Building Relay 4 x 2KM | Тим-билдинг штафета 4 х 2КМ

Инфо за трката

Опис: Штафетна трка во трчање 4 х 2000 метри за компаниски тимови
Датум: Сабота, 24 септември 2022
Локација: Fitness & Spa Park, Скопје
Време на стартот: 10 часот
Тип на трка: штафетно трчање со 4 измени
Прогласување победници: 11:30 часот

Претходни победници

  • 2021
    Комерцијална Банка
  • 2020
    Комерцијална Банка
  • 2019
    Комерцијална Банка
  • 2018
    Министерство за финансии
  • 2017
    Министерство за финансии/образование и наука
  • 2016
    Еуростандард Банка

Пријави се

Правила

На денот на трката ве очекуваме да пристигнете во 9 часот, еден час пред закажаниот старт во 10 часот заради следново:
- верификација на пристигнатиот натпреварувачки тим
- предавање на чување на лични предмети (доколку имате потреба)
- подигнување на штафетната палка
- подготовка и загревање за трката

Стартот на трката ќе биде во 10 часот. Прв стартува натпреварувачот во вашиот тим кој е пријавен како стартер и го има стартниот број со ознака “А”, па понатаму следуваат измените по редослед “B”, па “C” и на крајот, финишерот со ознака “D”. Измените се реализираат со предавање на штафетната палка на следниот натпреварувач од тимот во определениот простор (ќе бидат дадени инструкции на лице место).

Секој натпреварувач трча круг во должина од 2 километри, на означена патека.

Резултатот на тимот е вкупно потребното време за трчање на сите 4 измени/учесници и се мери од стартот на натпреварувачот А до финишот на натпреварувачот D.

Најбрзите три тимови освојуваат награди, а секој учесник чиј тим успешно ја завршил трката добива медал за учество на трката. Награди добиваат и поединците што истрчале најбрз круг, по една во машка и женска конкуренција.

Тимови и учесници

Тимовите треба да бидат составени од вработени во компании, организации, институции, здруженија, дипломатски претставништва и сл. субјекти кои припаѓаат на деловно-општествената заедница.

Секој тим е во мешан состав и се состои од 4 членови, од кои барем еден мора да биде машко или женско лице.

Името на компанијата е име на пријавениот тим. Една компанија може да пријави неограничен број на тимови со додавање на реден број или збор после името.

По доставен приговор, организаторот има право да побара доказ дека одредено лице е вработено во компанијата за чиј тим е пријавено да се натпреварува. Тимот за кој ќе се утврди дека е составен од лица кои не се вработени во компанијата која ја претставува, ќе биде дисквалификуван, а остварените резултати нема да се земат предвид при рангирањето.

Секој тим го охрабруваме да трча во сопствена брендирана облека со која ќе го претстави идентитетот на својата компанија.

При пријавувањето, за секој тим се испраќа и лого на компанијата, кое ќе биде поставено во листите со пријавени тимови и резултатите од трката.

Пријавување

Цени:
- 3.200 ден./тим за рано пријавување и уплати до 31 јули 2022
- 4.800 ден./тим за редовно пријавување и уплати од 1 август до 14 септември 2022
- 6.000 ден./тим за задоцнето пријавување и уплати од 15 септември до 21 септември 2022

Секој тим/учесник добива:
- стартен број
- сувенир маичка од настанот,
- вода и освежување за време на трката,
- медал за успешно истрчана трка,
- нетворкинг забава пред и по трката,
- истакнување на компаниското лого во листите со пријавени тимови,
- чување на лични работи за време на трката,
- прва медицинска помош.

Плаќањето на котизацијата за учество може да се изврши со онлајн плаќање со картичка или со налог во банка согласно со автоматски издадената фактура при пријавувањето на тимовите.

Подигнување на стартните пакети

Петок 23 септември
Локација: Co Work Hub (во близина на АМСМ и Католичката црква)
Време: од 14 до 18 часот

Сабота 24 септември, на денот на трката за оние тимови што не се од Скопје
Локација: Fitness & Spa PARK
Време: од 9 до 9:30 часот

Програма

1 октомври - 16 октомври Пријавување за Business Run 2020
22 октомври Business Run Networking Party од 17 часот
24 октомври Business Run, Winners Ceremony, After Run Beer Party

Business Run Networking Party

Кој може да учествува?

Во трката можат да учествуваат тимови составени од 4 лица од фирми кои вршат дејност во Република Македонија. 

Сите тимови и учесници треба да бидат регистрирани и да ги носат стартните броеви и штафетните палки кои ќе ги добијат од организаторот. 

Сите тимови треба да бидат во мешан состав (мажи и жени), каква што е работната средина во реалноста.

Придобивки од TEAM BUILDING (TEAM – Together Everyone Achieve More)

Целта на оваа трка е заедничко спортско, рекреативно и деловно дружење помеѓу компаниите, но и помеѓу вработените и нивните семејства. Целта на оваа штафетна трка е да се покаже важноста на тимскиот дух, но и да се биде пример за своите колеги и деловни партнери.

Пријави се

Регистрација за BUSINESS RUN 2022

Податоци за компанијата

Внеси го називот на фирмата.
JPG, PNG, GIF или SVG.
Внеси ја адресата на фирмата.
Име и презиме на лицето за контакт.
Внеси точна email адреса.
Внеси директен број за контакт.

Податоци за тимот

За повеќе тимови од една компанија, на името се додава реден број или описен збор после името.

Натпреварувач бр. 1

Натпреварувач бр. 2

Натпреварувач бр. 3

Натпреварувач бр. 4

Цена: 6.000 ден.