Почитувани пријатели,
Ве известуваме дека трката BUSINESS RUN 2020 нема да се одржи во предвидениот термин на 24 октомври и истата се одложува до првиот термин за кој ќе постојат поволни услови за нејзина реализација, а за кој ќе ја следиме здравствената ситуација во државата, пропишаните мерки и ќе бидеме во постојана комуникација со сите пријавени учесници.
Иако со новите мерки кои беа донесени од страна на Владата во текот на вчерашниот ден, Комисијата за заразни болести и Владата експлицитно не го забранија организирањето на спортски рекреативни настани, сепак дадоа негативно мислење за организирање на настани од ваков тип.
И покрај тоа што целиот изминат период од појавувањето на пандемијата, рекреативниот спорт и настаните за индивидуални спортови беа организирани со посебни протоколи и апсолутно не придонесоа со нови случаи на заразени со ковид-19, енормното зголемување на новозаболени во последната недела, директно влијае на одлуките на комисијата и владата да ги спречат сите можности за ширење на вирусот.
ПРВ ДО ВРВ како организатор на BUSINESS RUN 2020, како и секогаш од почетокот на своето постоење, ќе биде општествено одговорно здружение, солидарна и конструктивна страна во борбата за заштита на населението од вирусот, и покрај тоа што живееме со чувството дека во оваа криза не постои фер и рамноправен третман кон сите учесници во деловното и општественото функционирање.
Искрено жалиме што сме приморани на само три денови до одржувањето на настанот, со материјали во завршна фаза на продукција, подготовки во полн ек, превземени обврски кон трети страни и направени трошоци, да ги разочараме пријавените учесници и спонзорите со порака за одложување на трката.
Сите пријавени тимови, учесници и платени котизации ќе важат и се пренесуваат за новиот термин за трката кој ќе биде објавен штом се создадат услови за одржување.
Однапред ви благодариме на разбирањето и се надеваме дека набргу ќе се создадат услови за одржување на настанот, за што дополнително ќе ве информираме.
Business Run 2020/21
Штафетна трка во трчање 4 х 2000 метри за компаниски тимови.
Пријави го твојот тимРезултати за BUSINESS RUN 2022