Полумаратон
За искусни тркачи кои сакаат нов предизвик низ улиците на Центар.
Старт · 17:00НОЌНА УРБАНА ТРКА 21K • 5K
Трчаме во Центар.
Прва ноќна урбана трка низ Дебар Маало и улиците на Центар.
CENTAR NIGHT RUN е нов урбан спортски настан кој за првпат ги поврзува најпрепознатливите улици и простори на Општина Центар во едно уникатно тркачко доживување.
Полумаратонот стартува во 17:00, а трката на 5K во 18:00, кога градот добива поинаква енергија. Учесниците ќе трчаат низ Дебар Маало и централното градско подрачје, во атмосфера исполнета со публика, музика и урбан живот.
Без разлика дали ја одберете трката на 5 километри или полумаратонот, CENTAR NIGHT RUN е создаден за сите кои сакаат да го доживеат градот од поинаква перспектива.
Настанот е во организација на Прв до Врв, со поддршка на Општина Центар.
За искусни тркачи кои сакаат нов предизвик низ улиците на Центар.
Старт · 17:00Идеална дистанца за рекреативци, почетници и сите кои сакаат да бидат дел од новото урбано доживување.
Старт · 18:00Патеката ги поврзува Дебар Маало, Орце Николов, Рузвелтова и булеварите Партизански Одреди и Св.Климент Охридски во уникатна ноќна тркачка рута низ срцето на Скопје.
Старт / цел
1km
2km
3km
4km
7 ноември 2026
Организаторот го задржува правото да врши измени и прилагодувања на програмата.
Парични награди за првите три места во машка и женска конкуренција.
Мажи и жени
Мажи и жени
Избери ја твојата дистанца (5К или 21К), одбери го типот на стартен пакет (Basic или Plus) и обезбеди го твоето место на стартот.
| Дистанца | BASIC | PLUS · со маица |
|---|---|---|
| 5K | 300 ден | 600 ден |
| 21K | 600 ден | 900 ден |
| Дистанца | BASIC | PLUS · со маица |
|---|---|---|
| 5K | 600 ден | 900 ден |
| 21K | 1200 ден | 1500 ден |
Пријавувањето трае до 28 октомври 2026.
Погледнете ги сите пријавени учесници. Стартната листа се ажурира секојдневно.
Трката се одржува на 7 ноември 2026. Полумаратонот на 21K стартува во 17:00, а трката на 5K во 18:00.
Промотивните цени за првите 100 платени пријави се распродадени. Моментално важат редовните цени: 5K од 600 ден, 21K од 1200 ден. PLUS пакетот вклучува драј-фит маица.
Стартен број, личен дигитален фото-албум, драј-фит маица во пакет Плус и подароци од пријателите. Пакетот за 21K дополнително содржи финишер медал и освежителни станици.
Деталите за временскиот лимит на патеката ќе бидат објавени наскоро.
Стартот и целта се во централното градско подрачје на Општина Центар, во близина на Дебар Маало. Точната локација се објавува наскоро.
Стартните пакети се издаваат на денот на трката од 10:00 до 16:00, а само за учесниците на 5K до 17:00.
Здружение Прв до Врв
Општина Центар · Дебар Маало, Скопје