Бидете дел од највеселата трка во Скопје, со која традиционално ја испраќаме годината.
На 27 декември на плоштадот „Македонија“ ќе се одржи 12-тото издание на Coca-Cola Дедомразовската трка.
Патеката е долга околу 2 километри, а темпото го избирате сами. Можете да се тркате за медал и награда, да ја истрчате својата прва трка или да уживате во прошетка покрај Вардар со децата и друштвото во пријатна новогодишна атмосфера опкружени со стотици дедомразовци, бабамразици и најмалите мразулчиња.
Дедомразовскиот костум е задолжителен за сите учесници.
Што ве очекува на трката?
- 🎅 Coca-Cola дедомразовски костум ако изберете пакет со костум.
- 🎁 Новогодишно пакетче за секое дете до 10 години пријавено до 20 декември или додека има слободни места.
- 🏆 Медали и награди за најбрзите, со посебно прогласување за децата до 10 години.
- 🎟️ Новогодишна лотарија за сите учесници. Зачувајте го стартниот број по трката. Главната награда е велосипед.
- 🎶 Заедничко загревање пред стартот и новогодишна забава во центарот на Скопје.
Патека
Патеката е долга околу 2 километри, со старт и цел на плоштадот „Македонија“.
Стартуваме од плоштадот „Македонија“ и тргнуваме по кејот на Вардар, од страната на ГТЦ. Го преминуваме мостот „Слобода“ кај булеварот „Филип Втори“, па продолжуваме по спротивната страна на кејот, од МНР кон Камениот мост. Го преминуваме Камениот мост и стигнуваме на целта, повторно на плоштадот „Македонија“.
Може да трчате или да пешачите. За сите учесници е задолжителен дедомразовски костум.
27 ДЕКЕМВРИ 2026
Програма за недела, 27 декември 2026
| Време | Активност |
|---|---|
| 10:00 – 12:00 | Подигнување стартни броеви и Coca-Cola дедомразовски костуми |
| 11:30 – 12:30 | Музичка програма и заедничко загревање |
| 12:30 – 13:00 | Coca-Cola ДЕДОМРАЗОВСКА ТРКА 2026 |
| 13:00 – 13:15 | Прогласување на победниците и доделување награди |
| 13:15 – 14:00 | Новогодишна лотарија |
Како да учествуваш
- Избери пакет. Пријави се индивидуално или со семејна пријава. За секој што ќе трча или пешачи се задолжителни пријава, стартен број и дедомразовски костум.
- Пополни ја пријавата. Формата ја покажува вкупната цена пред потврда. Раната пријава важи до 30 ноември, а пријавувањето трае до четврток, 24 декември 2026, или до пополнување на местата.
- Дојди на плоштадот „Македонија“ во недела, 27 декември. Од 10:00 до 12:00 подигни го стартниот број и Coca-Cola дедомразовскиот костум, ако е вклучен во пакетот. Потоа придружи се на загревањето. Трката почнува во 12:30, а програмата трае до 14:00.
Избери го твојот пакет
Индивидуално пријавување
Рана пријава
До 30 ноември 2026
- Со костум
- 500 ден.
- Без костум Со сопствен костум
- 300 ден.
Редовна пријава
Од 1 до 24 декември 2026
- Со костум
- 600 ден.
- Без костум Со сопствен костум
- 300 ден.
Со сопствен дедомразовски костум, индивидуалната пријава е 300 денари по учесник, и за возрасни и за деца. На пример, за еден родител и две деца со сопствени костуми, три одделни индивидуални пријави чинат вкупно 900 денари.
Индивидуална пријаваСемејно пријавување
Пријавете се заедно и искористете семеен попуст.
Семејните пакети се достапни само со костум.
Децата до 14 години плаќаат детска цена, а учесниците на возраст од 15 години и повеќе плаќаат цена за возрасен.
- Попуст од 100 ден. за секој учесник.
- Дополнителни 100 ден. попуст за секое дете по првото.
| Семејство / Група | Рана пријаваДо 30 ноември | Редовна пријава1–24 декември |
|---|---|---|
| Родител + 1 дете2 учесници | 800 ден.Заштеда 200 ден. | 1.000 ден.Заштеда 200 ден. |
| Родител + 2 деца3 учесници | 1.100 ден.Заштеда 400 ден. | 1.400 ден.Заштеда 400 ден. |
| 2 родители + 2 деца4 учесници | 1.500 ден.Заштеда 500 ден. | 1.900 ден.Заштеда 500 ден. |
| 2 деца (без родител)2 учесници | 700 ден.Заштеда 300 ден. | 900 ден.Заштеда 300 ден. |
За други комбинации, на пример семејство со три или четири деца, внесете ги учесниците за да ја видите точната цена во формата пред потврда.
Секое дете до 10 години (родени 2016 и помали) добива новогодишно пакетче доколку се пријави до недела, 20 декември 2026 година, или порано ако се пополни капацитетот.
Награди
Најбрзи Дедомразовци и Бабамразици
Медалите и вредносните ваучери се доделуваат одделно во машка и во женска конкуренција.
| Пласман | Награда |
|---|---|
| 🥇 Прво место | Златен медал и ваучер од 9.000 денари |
| 🥈 Второ место | Сребрен медал и ваучер од 7.000 денари |
| 🥉 Трето место | Бронзен медал и ваучер од 5.000 денари |
Најбрзи момчиња и девојчиња до 10 години
Во категоријата за деца родени во 2016 година или подоцна, првите три момчиња и првите три девојчиња освојуваат златен, сребрен и бронзен медал според пласманот.
Новогодишна лотарија
Секој стартен број учествува во лотаријата, без разлика на пласманот. Остани на плоштадот по трката и имај го бројот при рака. Извлекувањето почнува во 13:15 часот.
- 10 добитници ќе освојат по еден стартен пакет за „Sparkasse Life Прв до врв 2027“ на 16 мај 2027 година. Информациите за учество ќе ги добијат на е-поштата со која се пријавиле.
- 3 добитници ќе освојат по еден вредносен ваучер од 5.000 денари.
- 1 добитник ќе ја подигне главната награда, велосипед, веднаш на настанот.
За да ја добиеш наградата, треба да бидеш присутен на извлекувањето. Ако добитникот е отсутен, извлекуваме нов стартен број.
Правила за учество
- Во трката може да учествува секој, без ограничување на возраста. Децата под 7 години мора да бидат придружувани од родител или старател.
- Децата од 7 години нагоре можат да учествуваат самостојно, на одговорност на родителот, старателот или возрасниот што ги пријавил.
- Секој на патеката мора да биде пријавен, да има свој стартен број и да носи дедомразовски костум. Ова важи и за возрасните што одат или трчаат покрај дете.
- Секој учествува на сопствена одговорност според личната физичка подготвеност за натпревар во трчање.
- Организаторот го задржува правото да направи одредени измени во програмата и термините на настанот предизвикани од објективни фактори.
Пријави се за највеселата трка во годината
Обезбеди си место, дедомразовски костум и можност за новогодишни подароци. Пријави се до 24 декември или до пополнување на капацитетот.