Coca-Cola Дедомразовска трка 2023

Пријави се

Coca-Cola Дедомразовска трка 2023

Новогодишна трка во дедомразовски костуми.

Датум: 24.12.2023
Старт: 12 часот
Локација: Skopje City Mall (плато од страната на улиците Љубљанска и Партизанска)
Должина: ±2 км
Прогласување победници: веднаш по завршувањето на трката

Пријавување

Цената за учество изнесува 600 денари со вклучен дедомразовски костум. Пријави се тука.

Пријавување без костум чини 300 денари (учесникот задолжително треба да носи сопствен дедомразовски костум).

Пријавувањето ќе се затвори во петок, 22 декември или порано, доколку се потрошат дедомразовските костуми.

Трчањето во дедомразовски костум е задолжително за сите учесници во трката.

Сите учесници се потенцијални добитници во лотаријата со подароци, а секое дете до 10 години (родени 2013 и помали) добива новогодишно пакетче доколку се пријави до среда, 20 декември 2023 год.(доколку пријавувањето биде затворено порано заради пополнување на предвидениот број на учесници).

Патека за трчање

Околу Skopje City Mall

Патека Дедомразовска трка 2023

Програма

10 - 12 ч. Издавање на стартни броеви и костуми
12 - 13 ч. Фитнес загревање и трка
13 - 14 ч. Прогласување на победниците и лотарија

Правила за учество

Во трката може да учествува секој без ограничување според возраст, а секое дете мора да биде придружувано од родител или старател.

Секој учесник мора да биде облечен во дедомразовски костум.

Секој учествува на сопствена одговорност според личната физичка подготвеност за натпревар во трчање.

Организаторот го задржува правото да направи одредени измени во програмата и термините на настанот предизвикани од објективни фактори.

Пријава за учество на Coca-Cola Дедомразовска трка 2023

За успешна регистрација потребно е да се пополнат сите полиња од пријавата.

Цена: денари