Пријави се

Osogovo Adventure 2019

Osogovo Adventure е планинска велосипедска тура со старт и база на Пониква, на Осоговските Планини. Покрај турата, учесниците имаат можност да кампуваат и да бидат дел од програмата на настанот.

Програма:

Сабота, 1 јуни
Тренинг велосипедска тура во околината на Пониква.
Активности во кампот.
Забава.

Недела, 2 јуни
7:30 Регистрација за турите
9:30 Старт на велосипедската тура
15:30 Ручек

Велосипедска тура:
- Пониква - Царев Врв - Пониква: 40 км, со искачување од 1200 м, 100% планинска и оф-роуд

Патека  Osogovo Adventure 2019

Повеќе инфо.

Пријавување
Пријавувањето може да се изврши според следниве цени:

- промотивно пријавување со 50% попуст за првите 50 учесници - 250 ден.
- 500 денари до 27 мај 2019
- 500 денари по 26 мај 2019 без вклучена сувенир маица

Секој учесник добива:
- организирано планинско возење велосипед и планинарење по маркирана патека во придружба на водичи на турата
- логистичка поддршка за време на турата (прва медицинска помош, основен сервис)
- станици за вода и освежување (комбинација од природни извори и пунктови со доставена вода)
- ручек по завршувањето на турите во недела
- сувенир маица Osogovo Adventure 2019 (за пријави до 27.5.2019)
- локација за кампување

Сместување
- кампување со сопствена опрема
- Мотел – Ресторан Осоговски Конак”

Правила за учество
- Во турата може да учествува секое полнолетно лице (или малолетно во придружба на родител или старател) кое се чувствува физички подготвено за повеќечасовно возење велосипед или планинарење на планина.
- Секој учесник задолжително треба да има технички исправен велосипед за возење по планина и off-road, кацига, резервна внатрешна гума, облека според најавените временски услови, шише за вода, неопходна храна за ден поминат во природа
- Учесниците кои ќе се движат пред или побргу од водичот на турата или самоиницијативно ќе истапат од групата и предвидената патека за возење, тоа го прават на сопствен ризик и одговорност
- Патните трошоци до стартот на турата се на товар на учесниците
- Секој учесник во турата вози на сопствена одговорност и според своите можности, и е лично одговорен за евентуалните несакани последици
- Организаторот го задржува правото за измени на турата предизвикани од објективни новонастанати фактори, како и предвремено затворање на пријавувањето доколку бројноста на групата го достигне планираниот максимум