Пријави се

Sharra Challenge 2019

На 20 јули 2019 ќе се одржи второто издание на предизвикот на Шар Планина, за најбрзо искачување од Тетово до Попова Шапка, во категориите планинско трчање, планински велосипедизам и друмски велосипедизам.


РЕЗУЛТАТИ
Трчање
Планински велосипедизам
Друмски велосипедизам

ПРОГРАМА

1. ТРКА ВО ПЛАНИНСКО ТРЧАЊЕ
- старт: 9 ч. од плоштадот во Тетово
- патека: 12 км, Тетово - Гајре - Лисец - П. Шапка, по планински патеки
- искачување: 1250 м

Патека трчање Sharra Challenge 2019

Повеќе инфо.

2. ТРКА ВО ДРУМСКИ ВЕЛОСИПЕДИЗАМ
- старт: 9 ч. од плоштадот во Тетово
- патека: 20 км, по асфалтниот пат до Попова Шапка
- искачување: 1250 м

Патека друмски велосипедизам Sharra Challenge 2019

Повеќе инфо.

3. ТРКА ВО ПЛАНИНСКИ ВЕЛОСИПЕДИЗАМ
- старт: 9 ч. од плоштадот во Тетово
- патека: 20 км, Тетово - Бањиче - Шипковица - Лисец - П. Шапка, 75% планински пат
- искачување: 1400 м

Патека планински велоиспедизам Sharra Challenge 2019

Повеќе инфо.

НАГРАДИ
Во секоја од трките во трчање, планински и друмски велосипедизам, во машка и женска конкуренција, наградите се:
1 место златен медал и 5.000 ден.
2 место сребрен медал и 3.000 ден.
3 место бронзен медал и 2.000 ден.

(Награда не се доделува доколку во одредена категорија нема барем тројца учесници кои ја стартувале трката)

Секој учесник кој ќе ја заврши трката, освојува финишер медал.

ПРИЈАВУВАЊЕ

Пријавувањето е преку електронска апликација и плаќање на веб страната на www.prvdovrv.mk, со избор на еден од пакетите:

ОСНОВЕН пакет 400 ден.:
- стартен број
- финишер медал
- освежување за време на трката
- ужина по трката
- бесплатно враќање со автобус до стартот во Тетово

Пакет ПЛУС 600 ден.:
- се од основен пакет
- сувенир маичка Sharra Challenge 2019

Котизациите за учество покрај со онлајн плаќање, можат да се платат и со уплатница во банка/пошта или во готово најдоцна до петок, 19 јули 2019.

Правила за учество
- Во трките може да учествува секое полнолетно лице (или малолетно во придружба на родител или старател) кое се чувствува физички подготвено за спортска активност според описот на трките

- Секој учесник задолжително треба да има технички исправен велосипед, кацига и резервна внатрешна гума

- На учесниците во велосипедските трки не им е дозволено да се натпреваруваат со велосипед кој содржи електричен мотор и ќе бидат дисквалификувани

- Патните трошоци до Тетово се на товар на учесниците

- Секој учесник во трките учествува на сопствена одговорност и според своите можности, и е лично одговорен за евентуалните несакани последици

- Организаторот го задржува правото врз база на објективни фактори да врши измени во термините и условите за одржување на трките и настанот.