Virtual Spring Run

Виртуелна пролетна лига во трчање.

Пријави се
Што е Virtual Spring Run?

Виртуелна пролетна лига во трчање составена од резултатите направени на индивидуални активности.

Секој РЕАЛНО спортува сам во согласност со мерките за заштита, а ВИРТУЕЛНО ги соочува резултатите од постигнувањата со останатите.

Секој трча колку сака и каде сака во некоја од дистанците од 5км, 10км и полумаратон 21,1км.

Трки

10К Полумаратон

Серија составена од 7 кола

Лигата ќе има седум кола (седум недели) и ќе трае од 4 мај до 21 јуни.

1 4-10 мај 2020 Резултати
2 11-17 мај 2020 Резултати
3 18-24 мај 2020 Резултати
4 25-31 мај 2020 Резултати
5 1-9 јуни 2020 Резултати
6 10-14 јуни 2020 Резултати
7 15-21 јуни 2020 Резултати
Бодување

Секое коло ќе се бодува според направениот резултат и освоено место во дисциплините 5К, 10К и полумаратон. Секоја дисциплина се рангира посебно.

Победници на лигата се учесниците со најголем број освоени бодови, кои се добиваат со собирање на освоените бодови од секое коло:

Од 1-10 место 25, 20, 17, 14, 12, 11, 10, 9, 8, 7 бодови.
Од 11-20 место 5 бодови.
Од 21-30 место 4 бодови.
Од 31-40 место 3 бодови.
Од 41-50 место 2 бодови.
Од 51 место 1 бод.

Како да учествувам?

1 Доколку си пријавен за ПРВДОВРВ Водно 2020, автоматски си пријавен и за Virtual Spring Run и не треба да пополнуваш нова пријава и да правиш ново поврзување со Strava. Новите учесници се пријавуваат преку овој линк. Учеството е бесплатно.

2 Поврзи ја пријавата со твојот профил на Strava. Ова е потребно за да го измериш времето на твоите активности, а ние да го добиеме резултатот. Апликацијата е бесплатна и можеш да ја поврзеш со постоечки уред или апликација со кој го мериш времето на твоите активности, доколку е овозможено. Поврзи се при регистрацијата или преку портокаловото копче до твоето име во стартната листа.

3 Спортувај сам, согласно со препораките и мери ги своите активности со Strava.

4 Побарај ја твојата активност во табелата со резултатите. Резултатот ќе биде автоматски преземен благодарение на поврзувањето што го направи во вториот чекор.

Правила

Организаторот има право да побара дополнителни информации за одредена активност ако процени дека е потребно дообјаснување за одреден резултат, како:

- споредба на претходни активности на учесникот

- мапа на движење за време на активноста сл.

Организаторот има право да дисквалификува резултат за кој ќе утврди дека не е веродостоен.

Организаторот има право да не го прифати профилот од апликацијата за мерење на времето доколку утврди дека истиот не одговара со податоците на пријавениот учесник.

Резултатите од рачно внесени активности, како и оние што се додадени од друг, нема да бидат земени предвид во рангирањето.

Во случај учесникот да не успее автоматски да ја сподели својата активност заради евентуална нефункционалност на платформата на Strava, организаторот има право да побара од учесникот да му испрати директен линк до резултатот.

Медали

Победниците на лигата во машка и женска конкуренција освојуваат медали.