Пријави се

Tour de Lake(s) 2019

Велосипедска тура околу Охридското и Преспанското Езеро.

Детали за турата
Датум: Петок, 2 август 2019
Време на пристигнување: 7 ч.
Време на старт на турата: 8 ч.
Место за старт и финиш: Buffalo Beach (плажата за одбојка на песок)
Должина на турата:
1. Тура од 150 км покрај Охридското Езеро, Преспанското Езеро и преку Галичица со вкупно искачување од 2.350 метри

Tour de Lakes 2019 - Голема тура

Повеќе инфо.

2. Тура од 90 км околу Охридското Езеро со вкупно искачување од околу 1000 метри

Tour de Lakes 2019 - Голема тура

Повеќе инфо.

Учеството во турите е бесплатно. Пополни ја пријавата за да го осигураш своето место во групата.

Во турата може да учествува секој кој се чувствува подготвен да извози со велосипед во еден ден 150 км, кој располага со исправен велосипед и кој ќе ги почитува советите и инструкциите од страна на водичите на групата. Возењето е по асфалт и изобилува со нагорнини па се препорачува учесниците да бидат во добра физичка подготвеност и со активно возење велосипед во текот на сезоната.

За минувањето на границите е потребно да се носи лична карта или пасош.

Возењето за цело време на турата е во група и е задолжително да се почитува распоредот на паузите кои се неопходни заради должината на турата како и заради високите температури во летниот период.

Секој ја вози турата на сопствена одговорност.