Пријави се

ПРВ ДО ВРВ Водно 2018

На 20 мај 2018 ќе се одржи шестото издание на популарната трка на Водно, ПРВ ДО ВРВ, во која учествуваат неколку илјади спортисти и рекреативци во категориите планинско трчање, планински велосипедизам и друмски велосипедизам.

ПРОГРАМА

1. ТРКА ВО ПЛАНИНАРЕЊЕ И ПЛАНИНСКО ТРЧАЊЕ
- Старт во 10 ч. од ОУ Кочо Рацин
- Должина на патека: од 5 км (најкратка и најстрмна) до 8 км (најдолга и најлесна)
- Забелешка: Секој учесник се движи по патека по сопствен избор, а мора да помине покрај три задолжителни контроли (непосредно по стартот кај вртењето кај полицијата, на Средно Водно и пред целта)

2. ТРКА ВО ДРУМСКИ ВЕЛОСИПЕДИЗАМ
- Старт во 9:45 ч. од Музеј на Град Скопје (Стара Железничка)
- Должина на патека: 11,5 км (времето се мери од “летечкиот” старт од ОУ К.Рацин до врв на Водно)
- Елевација: 950 м
- Забелешка: Сите велосипедисти возат по асфалтниот пат до врвот на Водно. Сие учесници задолжително носат заштитна кацига.

3. ИЗЛЕТ И ЕКО ФЕСТИВАЛ
- Старт на музичка програма во 10 ч.
- Церемонија на прогласување победници во 13 ч.

ПРИЈАВУВАЊЕ

Пријавувањето е преку електронска апликација и плаќање на веб страната на www.prvdovrv.mk.

Цената за учество изнесува:
- 150 денари за пријавување во промо викендот на 22-24 декември за првите 150 учесници
- 250 денари за рано пријавување во периодот 25.12.2017 - 5.3.2018
- 350 денари за пријавување во периодот 6.3. - 30.4.2017
- 400 денари за пријавување во периодот 1-16.5.2018
- 500 денари last minute пријавување во периодот 17-19.5.2018 до 14 часот при подигнување на стартните пакети

Секој учесник добива:
- стартен број
- официјална маичка ПРВ ДО ВРВ 2018
- подароци/производи/ваучери од спонзорите
- освежување за време на трката
- излетничка забава на целта по трката
- победниците добиваат медали и награди
- бесплатно враќање со жичара до Средно Водно

Подигнувањето на стартните пакети ќе биде во четрвток, 17 мај и во петок, 18 мај од 11 до 19 часот и во сабота, 19 мај, од 10 до 14 часот, на Плоштад Македонија.

Котизациите за учество покрај со онлајн плаќање, можат да се платат и со уплатница во банка/пошта или во готово на денот на подигнување на стартниот пакет. Цената за учество зависи од денот на уплата без оглед на датумот на пополнување на апликацијата.

Организаторот го задржува правото врз база на објективни фактори да врши измени во термините и условите за одржување на трките и настанот.