Пријави се

Bistra Adventure 2019

Планински адреналински тури за велосипедисти на прекрасната Бистра со старт и цел во Тресонче, преку Селце, Галичник, Царевец и Лазарополе.

Детали за Bistra Adventure 2019
Локација: Тресонче
Датум: Сабота и Недела, 31 август - 1 септември 2019
Старт на турите: недела, 1 септември во 9 часот

Содржини

- велосипедски тури
1. Голема тура
- должина: 60 км
- патека: Тресонче - Селце - Галичник - Тони Вода - Лазарополе - Тресонче
- искачување: 1500м
- потребно време: 6-8 часови
- off-road: 80%

2. Мала тура до Галичник
- должина: 25 км
- патека: Тресонче - Галичник - Тресонче
- искачување: 800м
- потребно време: 2-4 часови
- off-road: 65%

3. Мала тура до Лазарополе и Гари
- должина: 30 км
- патека: Тресонче - Гари - Лазарополе - Тресонче
- искачување: 800м
- потребно време: 2-4 часови
- off-road: 25%

- кампување

Пријавување
Пријавувањето може да се изврши според следниве цени:
- 500 ден. до 25 август 2019 со вклучена сувенир маичка Bistra Adventure 2019
- 500 ден. од 26 август без вклучена сувенир маичка Bistra Adventure 2019

Секој учесник добива:
- организирани планински тури за возење велосипед по маркирани патеки во придружба на водичи на турата
- логистичка поддршка за време на турите (прва медицинска помош, основен сервис за велосипед)
- станици за вода и освежување (комбинација од природни извори и пунктови со доставена вода)
- ручек во недела по завршувањето на турите на целта во Тресонче
- гратис пиво
- локација за кампување

Правила за учество
- Во турата може да учествува секое полнолетно лице (или малолетно во придружба на родител или старател) кое се чувствува физички подготвено за повеќечасовно возење велосипед или планинарење на планина.
- Секој учесник задолжително треба да има технички исправен велосипед за возење по планина и off-road, кацига, резервна внатрешна гума, облека според најавените временски услови, шише за вода, неопходна храна за ден поминат во природа
- Учесниците кои ќе се движат пред или побргу од водичот на турата или самоиницијативно ќе истапат од групата и предвидената патека за возење, тоа го прават на сопствен ризик и одговорност
- Патните трошоци до стартот на турата се на товар на учесниците
- Секој учесник во турата вози на сопствена одговорност и според своите можности, и е лично одговорен за евентуалните несакани последици
- Организаторот го задржува правото за измени на турата предизвикани од објективни новонастанати фактори, како и предвремено затворање на пријавувањето доколку бројноста на групата го достигне планираниот максимум

Како да пристигнам во Тресонче https://goo.gl/maps/uB2JZLPWHTJ2