Coca-Cola Дедомразовска трка Скопје 2019

Победници
Женски:
1. 159 Рената Соколовска
2. 324 Елена Даниловска
3. 142 Бојана Наумовска
Машки:
1. 185 Миомир Алексовски
2. 230 Стојче Петровски
3. 261 Филип Стојановски

Инфо за трката
Опис: Новогодишна трка во дедомразовски костуми
Датум: 22 декември 2019
Локација: Плоштад Македонија, Скопје
Време на стартот: 12 часот
Должина: ±2 км
Прогласување победници: веднаш по завршувањето на трката

Пријавување
Цената за учество изнесува 300 денари со вклучен дедомразовски костум. Пријави се тука.

Пријавување без костум чини 200 денари (учесникот задолжително треба да носи сопствен дедомразовски костум).

Пријавувањето ќе се затвори во петок, 20 декември или и порано, доколку се потрошат дедомразовските костуми.

Трчањето во дедомразовски костум е задолжително за сите учесници во трката.

Сите учесници се потенцијални добитници во лотаријата со подароци, а секое дете до 10 години добива новогодишно пакетче доколку се пријави до 18 декември 2019 год.


Стартна листа

Програма
10 - 12 ч. Издавање на стартни броеви и костуми
12 - 13 ч. Фитнес загревање и трка
13 - 14 ч. Прогласување на победниците и лотарија

Патека за трчање
Плоштад Македонија - Порта Македонија - Парк Жена Борец - Холидеј Ин - МНР - Камен Мост - Плоштад Македонија

Патека Дедомразовска трка 2018

Правила за учество
Во трката може да учествува секој без ограничување според возраст, а секое дете мора да биде придружувано од родител или старател.

Секој учесник мора да биде облечен во дедомразовски костум.

Секој учествува на сопствена одговорност според личната физичка подготвеност за натпревар во трчање.

Организаторот го задржува правото да направи одредени измени во програмата и термините на настанот предизвикани од објективни фактори.