MTB Bistra Adventure 2021

Планинска велосипедска тура на планината Бистра која минува низ селата Тресонче, Селце, Галичник и Лазарополе

Пријави се

Пријави се

Авантурите на Конче и Мантово 2023

Дводневен велосипедски настан на Езерото Мантово со планински тури низ Општината Конче

Пријави се

Инфо за турата

Датуми: 8 и 9 јули 2023
Локација: Влашки Колиби, Езеро Мантово
Сместување: Кампување со сопствена опрема
Учеството е бесплатно со задолжителна претходна регистрација преку линкот

Секој учесник добива

- dri-fit маичка
- сувенир
- вечера во сабота
- доручек и ручек во недела
- освежување за време на велосипедските тури
- организирани велосипедски тури со поддршка на локални водичи
- медицинска помош за време на велосипедските тури
- велосипедски сервис за време на турите за асистенција во отстранување на брзи дефекти кај велосипедот

Програма

Сабота, 8 јули
10 - 15 часот Пристигнување и регистрација за поставување на сопствена камп опрема
16 - 21 Саем на локални производи
17:00 Мала велосипедска тура околу Езерото Мантово со должина 15km и искачување 200m (види повеќе, GPX)
20:00 Вечера
21 - 00 Забава со Troya Band и DJ Flowzy

Недела, 9 јули
8:00 Доручек
10:00 Голема велосипедска тура со должина 53km и искачување 1000m (види повеќе, GPX)
15:00 Ручек

Пријавување за учество

Учеството во турата е бесплатно.

Пријавувањето и потврдувањето на учеството од страна на организаторот е задолжително.

Пријави се

Пријавувањето е затворено заради пополнување на максималниот број на учесници.

Правила за учество

- Во турата може да учествува секое полнолетно лице (или малолетно во придружба на родител или старател) кое се чувствува физички подготвено за повеќечасовно возење велосипед по планински патеки.
- Секој учесник задолжително треба да има технички исправен велосипед за возење по планина и off-road, кацига, резервна внатрешна гума, облека според најавените временски услови, шише за вода, неопходна храна за ден поминат во природа
- Учесниците кои ќе се движат пред или побргу од водичот на турата или самоиницијативно ќе истапат од групата и предвидената патека за возење, тоа го прават на сопствен ризик и одговорност
- Патните трошоци до стартот на турата се на товар на учесниците
- Секој учесник во турата вози на сопствена одговорност и според своите можности, и е лично одговорен за евентуалните несакани последици
- Организаторот го задржува правото за измени на турата предизвикани од објективни новонастанати фактори, како и предвремено затворање на пријавувањето доколку бројноста на групата го достигне планираниот максимум

Овој проект е ко-финансиран од Европската Унија преку Интеррег-ИПА Програмата за прекугранична соработка Грција-Република Северна Македонија 2014-2020

Пријави се