OCR SKOPJE 2024

21 мај 2024

Пријави се

OCR SKOPJE 2024

Настан: OCR SKOPJE 2024
Датум: 27.10.2024
Почеток: 11:00
Локација: Скопје
Организатор: Здружение за спортски игри со препреки – ОТАКУ Скопје

Пријавување

Obstacle Course Racing претставува трчање на терен исполнет со пешадиски препреки, кој се повеќе станува популарен спорт низ Светот. ОCR MACEDONIA како прва и единствена организација од ваков тип во Македонија, има тркачки караткер, но исто така ви нуди незаборавна авантура и одлично искуство од повеќе аспекти.

Оваа трка во Скопје по четврти пат во државата ќе ги обедини тркачите за незаборавна авантура. Затоа ни е огромна честа да ви понудиме вистински адреналин, тест за вашата фитнес форма и уживање во природа.

“Да се биде на стартната линија, некогаш е доволна цел”.

Со големо задоволство ви ја најавуваме OCR SKOPJE 2024!

Скокање преку вертикални ѕидови, качување по јаже, ползење низ кал, носење товар, гаѓање со копје, трчање низ плитки потоци, стрмнини, адреналин, забава, среќа, болка и задоволство се само некои од работите кои ќе ги доживеете на OCR SKOPJE 2024!

Tрката ќе биде во Скопје, точната локација е тајна! Месец дена пред настанот ќе бидете известени на вашата ел. адреса!

Локацијата ќе биде лесно достапна, со можност за паркинг, тоалети и места за чување на вашата опрема.

Старт на трката: 27 Октомври 2024 година во 11:00 часот
• Должина: 12 км
• Тип: Умерено рамна, без значителна денивелација
• Препреки: 20+

Можете да се пријавите во 2 категории и тоа:
• Мажи - За мажи над 18 години
• Жени - За жени над 18 години

Тимови

Тимското натпреварување претставува дополнителен пласман за мажи и жени кои во ист тим ќе бидат Минимум 4 тркачи од кои минимум 1 треба да биде натпреварувач во женска конкуренција, но може да се пријават неограничен број од ист тим со тоа што во полето “тим” при пријавувањето ќе го напишете името на вашиот тим, а системот автоматски ќе ве поврзе со останатите кои го имаат впишано истиот тим. Реултатите од најдобрите 4-ца натпреварувачи од тимот ќе се земат во предвид за пласман. Екипниот пласман не го исклучува индивидуалниот пласман, односно вие се натпреварувате и во индивидуална и во екипна конкуренција доколку формирате тим.

Котизација

Индивидуална регистрација
• Рана котизација - достапно до 15.07.2024 : 1800,00 денари
• Последен повик - достапно до 11.10.2024 : 2150,00 денари

Во котизацијата е вклучено:
• Доживотни мемории
• Освежување
• Финишер медаља
• Производи од спонзорите
• Маица или друг заменски брендиран производ од OCR Macedonia
• Професионални фотографии

Награден фонд

Мажи и жени:
• I место 7000 мкд
• II место 5000 мкд
• III место 3000 мкд

Тимови:
• I место 12000 мкд
• II место 8000 мкд
• III место 5000 мкд

Организаторот го задржува правото наградниот фонд да го исплати во вид na ваучер во иста вредност обезбедени од страна на спонзорите на трката.

Пријави се