ПРВ ДО ВРВ Водно

16 мај 2021

Пријави се

Добредојде на најмасовното планинско искачување во регионот со пет трки:

Планинско трчање
Планинско трчање
Планински велосипедизам
Планински велосипедизам
Друмски велосипедизам
Друмски велосипедизам
E-Bike
E-Bike
Team-building Summit Run
Team-building Summit Run

Инфо

16 мај 2021
9:45 велосипедски трки, 10:00 трчање
Водно, Скопје, Македонија
Трки во најбрзо искачување до врвот на Водно
Планинско трчање, Планински велосипедизам, Друмски велосипедизам, E-Bike
Прелиминарни виртуелни трки од 11.2.2021 - 12.5.2021 Virtual VodnoНово
9-то издание
Пријавувањето се затвора на 9 мај 2021

Анти-ковид протокол

Ве молиме да ги почитувате здравствените мерки во целост.

- нема масовен старт туку се стартува во бранови
- задолжително носење на своја маска за време на стартот и по влегување во целта
- задолжително држење растојание меѓу учесниците
- се стартува во бранови од по пет натпреварувачи на растојание од 1,5м на секои 10 секунди
- водата се добива во неотворено шише
- прогласување на победниците со задолжително носење маска
- нема дополнителна програма по завршување на трките
- бројот на учесници е ограничен на 450

Програма

Трка во планинско трчање

- Старт: ОУ Кочо Рацин
- Должина на патека: 4,2 км (ова е најкратката и најстрмната патека)
- Искачување: ~800м
- Патека: претежно земјена
- Просечен наклон: 18,2%
- Забелешка: Секој учесник се движи по патека по сопствен избор, а мора да помине покрај три задолжителни контроли (непосредно по стартот кај вртењето кај полицијата, на Средно Водно и пред целта)

Повеќе инфо
Трка во друмски велосипедизам

- Старт: Музеј на Град Скопје (Стара Железничка). Времето се мери од летечкиот старт од ОУ К.Рацин до врв на Водно
- Должина на патека: 11,41 км
- Искачување: ~800м
- Патека: 100% асфалт
- Просечен наклон: 6,8%
- Забелешка: Сите велосипедисти возат по асфалтниот пат до врвот на Водно. Сите учесници задолжително носат заштитна кацига.

Повеќе инфо
Трка во планински велосипедизам и E-BIKE трка

- Старт: Музеј на Град Скопје (Стара Железничка). Времето се мери од летечкиот старт од ОУ К.Рацин до врв на Водно
- Должина на патека: 9,21 км
- Искачување: ~800м
- Патека: 40% земјен пат (означено со сино на мапата десно), 60% асфалт
- Просечен наклон: 8,3%
- Забелешка: Сите учесници задолжително носат заштитна кацига. Организаторот го задржува правото да изврши измени во патеката заради влошени услови на истата или заради неповолни временски услови. Патеката ќе биде означена со патокази и маркација.

Повеќе инфо

Патека планински велосипедизам ПДВ Водно 2019

Повеќе инфо.

SUMMIT RUN - компаниска тимбилдинг трка

- Старт: ОУ Кочо Рацин
- Должина на патека: 4,2 км (ова е најкратката и најстрмната патека)
- Искачување: ~800м
- Патека: претежно земјена
- Просечен наклон: 18,2%
- Секој тим се движи по патека по сопствен избор, а мора да помине покрај три задолжителни контроли (непосредно по стартот кај вртењето кај полицијата, на Средно Водно и пред целта).
- Секој тим е составен од најмалку 4 учесници, во мешан родов состав (3+1 или 2+2), а тимот може да се состои од најмногу 8 учесници)
- Целиот тим мора да финишира заедно, во исто време, односно времето на најслабиот учесник е времето на тимот; со ова се стимулира взаемното помагање, солидарност, бодрење и мотивација за целото времетраење на трката

Повеќе инфо

Пријавување

Одбери еден од пакетите и обезбеди го твоето место во некоја од трките во планинско трчање, планински велосипедизам или друмски велосипедизам. Навременото пријавување обезбедува пониска цена. Пријавувањето се затвора на 9 мај 2021.

Котизациите за учество покрај со онлајн плаќање, можат да се платат и со уплатница во банка или пошта, како што е објаснето во меилот што ќе го добиете по испраќањето на пријавата. Цената за учество зависи од денот на уплата без оглед на датумот на пополнување на апликацијата.