Пријави се

Вело Водно

Трка и отворање на велосипедска патека на Водно.

Датум: 3.10.2020
Старт: 10 часот
Локација: Полиција Водно
Должина: 3.432 метри
Котизација: Учеството е бесплатно

Стартна листа: https://www.prvdovrv.mk/startlist?velovodno
Резултати: https://www.prvdovrv.mk/results?velovodno

Сите љубители на велосипедизмот, рекреативци и спортисти, од наредната недела може да уживаат на новата нагорна велосипедска патека на планината Водно. Новата Пионерска патека е долга 3.432 метри, со со максимален наклон од 5 до 7 % и широчина од 2 до 3 метри.

Официјалното отворање на патеката се најавува за 03.10.2020 година (сабота) на средно Водно со почеток во 12 часот.

Претходно, сите велосипедисти се поканети да учествуваат на натпревар во организација на нашиот клуб. Натпреварот ќе стартува во 10 часот од полициска станица Водно и секој натпреварувач ќе стартува на 20 секунди. На натпреварот се поканети да учествуваат сите од 7 до 77 години, без котизација. Учеството е бесплатно.

Награди за најбрзите во машка и женска конкуренција, вредносни ваучери за Nomad Mobility, Pro-Sport и Pro Bike:
1 место 5 000 ден.
2 место 3 000 ден.
3 место 2.000 ден.

Ве информираме дека се запазени сите протоколи за заштита од Ковид-19.

Трката е дел од Фестивалот за алтернативен туризам и на целта е предвидена дополнителна програма со експо и забава.

Пријави се